Мистериозна смрт: Албански актер и сопругата паднале од шести кат во Њујорк, претходно се расправале

Флоринд Белиу и сопругата/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Албанскиот актер Флоринд Белиу (35) и неговата сопруга Орнела Шехи (28) беа пронајдени мртви во дворот на зграда во Бронкс. Актерот почина на својот 35-ти роденден додека неговата сопруга имала 28 години. Двојката зад себе оставила две деца, а ги пронашле пријатели и соседи.

Полицијата сè уште ги истражува сите околности на овој трагичен настан, а соседите за американските медиуми изјавиле дека прво паднала Орнела од шести кат, а потоа и Флоринд. Децата наводно плачеле во станот, а соседите набрзо истрчале на улица и затекле сцена која ќе ги следи до крајот на животот.

Полицијата не пронашла проштални писма во станот, а соседите несреќниот пар го опишале како „мирен и повлечен“. Странските медиуми пишуваат дека актерот боледувал од одредени метални болести, но сè уште нема официјална потврда.

Инспекторите ја испитуваат можноста за кавга меѓу двојката, изјави висок полициски извор за „Њујорк пост“ во вторникот.

– Постојат знаци во станот кои покажуваат дека сè не било во хармонија, не одлучиле само да ги остават своите деца и да скокнат – велат од полицијата.

Управата за лекарски преглед во градот сè уште не ја утврдила причината за смртта ниту на Белиу, ниту на Шехи, бидејќи чека „дополнителни истражни информации“.

Во меѓувреме, се појавија дополнителни детали, дека кобната вечер тој славел роденден, а меѓу двојката дошло до конфликт и Белиу наводно ја турнал сопругата од балконот. Целата сцена ја посведочиле  децата кои живееле со нив.

Наводно, кога сфатил што направил, 35-годишниот актер се фрлил самиот од балконот по сопругата.

Флоринд Белиу/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Додека инспекторите продолжуваат да го истражуваат фаталниот инцидент како трагичен исход од можна кавга меѓу двајцата, соседите тврдат дека слушнале викање непосредно пред парот да падне.

Според соседите, парот и нивните два мали сина се вселиле во зградата пред околу четири месеци. Полициски извори тврдат дека никогаш до властите немало пријави за семејно насилство.

Еден сосед се сеќава дека слушнал дете како вреска: „Мамо! Мамо!” по трагичниот пад додека во станот биле нивните мали синови на возраст од шест и две години.

Парот бил опишан како „тивка двојка“ од соседите кои „се држеле за себе и биле многу изолирани“, но се сеќаваат дека го виделе Белиу вознемирен во петокот.

Според Шади Перкај, сопругата на сопервизорот на зградата: „Ги гледав секогаш како купуваат работи за куќата, со две деца заедно, и не сфативме дека нешто не е во ред. Во саботата му беше роденден на Белиу“.

Според „Еуроњуз Албанија“, Белиу бил амбициозен актер и сценарист, дипломирал на Универзитетот за уметности во Тирана, Албанија и настапувал на телевизија и во театар пред да се пресели во САД.

Почнал да пишува и две книги, од кои едната сакал да ја претвори во филмски терен за „Нетфликс“, објави веб-страницата „Еуроњуз Албанија“, повикувајќи се на интервју што го дал пред две години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот