Мистериозна болест во популарно летувалиште: Млад пар умрел за неколку дена

Twitter

Млад брачен пар на 22 мај отпатувал на Фиџи на годишен одмор, а според локалното Министерство за здравје, за само неколку дена умреле од непозната болест во болницата. Најпрво биле забележени чудни промени на кожата. Мишел Паул починала прва, а по еден ден и нејзиниот сопруг Дејвид Паул, и покрај медицинскиот третман на кој бил подложен. Таткото на Мишел, Марк Калонг вели дека никој не им кажува што точно се случило со неговата ќерка и со зетот.

„Ми се јави на телефон и ми рече дека Дејвид повраќа и има дијареа, како и дека на двајцата им се надуени рацете. Рече и дека биле во болница и дека се пуштени“, рекол Марк Калонг.

После тоа дознал и дека зетот му е во критична состојба и дека ќе биде префрлен во болница во Австралија, но за жал не стигнал до таму.

Полициските форензичари на Министерството за здравје работат на откривање на причините на оваа неидентификувана болест, соопштиле локалните власти. Ако се утврди дека починале од заразна болест, нивните тела ќе бидат кремирани на Фиџи поради неможност да се внесат на територијата на Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот