Мистериозен гроб се појавил по повлекување на езеро во Република Српска: На него стои презиме и бројот 1913 (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Кога од Гацко ќе се упатите преку Билеќ, кон Требиње и Херцег Нови, одеднаш ќе здогледате непрегледана водена површина – Билечкото езеро. Се наоѓа на реката Требишњица во Република Српска.

Она по што се разликува од многу други езера е начинот на кој е создадено и големата тајна која ја крие.
Ова вештачко езеро се создало со изградба на браната Гранчарево на реката Требишњица во близина на градот во 1968 година. Браната е висока 123 метри, а широка во врвот 439 метри.

На дното на езерото се наоѓаат напуштени села, кои се евакуирани при изградбата на хидроцентралата Требиња. Со кревања на нивото на водата потопени се куќи од селата Паник, Орах, Лепелица, Задубље и Мируше.

Заедно со селата, водата потонала и споменици од минатото: гробишта, патишта и цркви. Меѓу нив и манастирот Косијерево, како и многу други културно-историски споменици.

Оваа фотографија е настаната токму на тоа место. Пред неколку години ја направил Владимир Чубрило, кога езерото се повлекло. Оваа година тоа повторно е надојдено, а истиот гроб е длабоко во него.

Фото: Владимир Чубрило

– Гробот на извесен Вучиниќ се наоѓа овде од 1913 година. Со повлекување на водата, се појави и гробот – напишал во опис на фотографијата Чубрило.

На дното на ова езеро се крие цела една населба која во себе го чува духот на минатото, и која би можела да донесе многу неверојатни приказни.

Поради изградбата на браната Гранчарево на оваа река и создавањето на Билечкото езеро, манастирот Косијерево е преместен на нова локацијаво селото Петровичи. Во свој посед, овој манастир имал околу 3.000 хектари земја.

По 1946 година поранешната комунистичка власт му го одземала речиси целиот имот, а по преместувањето на манастирот останале само половина хектар неплодна земја.

Кога станува збор за Билечкото езеро, како и целиот слив на Требишњица, изобилуба со исклучителни локалитети за нуркање, а исто така ова езеро е омилена дестинација и за риболовците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот