МИСТЕРИЈА ЗА ПАДОТ НА АВГАНИСТАНСКИОТ АВИОН: Талибанците се фалат дека го урнале, од Пентагон НЕМА КОМЕНТАР

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

Информациите за срушениот авион се непрецизни, бидејќи прво било кажано дека се работи за пад на патнички авион, а дека не се знаело на која компанија припаѓа, ниту колку патници содржи.

Талибанците објавиле дека тие го срушиле авионот на американската војска во централната авганистанска покраина Газни рано во понеделникот и дека сите лица загинале.

– Авионот, кој бил во разузнавачка мисија бил срушен во подрачјето Сао Кела, во округот Дех Јак, во покраината Газни – рекол Забихулах Муџахид, портпаролот на талибанците.

Тој додал дека сите лица во авионот, вклучувајќи ги и постарите офицери загинале, пишува Јутарњи.хр.

Претходно во понеделникот, висок функционер за одбрана задолжен за истрагата рекол дека ниту еден американски државјанин не загинал во авионот и додал дека се уште се истражува причината за несреќата. Никој од американската војска не бил достапен за коментар, пренесува Ројтерс.

Информациите за срушениот авион се непрецизни, бидејќи прво било кажано дека се работи за пад на патнички авион, а дека не се знаело на која компанија припаѓа, ниту колку патници содржи.

Било речено дека се работи за авион на државната авганистанска компанија Ариана Ерлајнс, но главниот директор на компанијата го демантирал тоа.

Агенцијата Франс прес исто така во понеделникот ја пренела изјавата на талибанците за падот на авионот, но не и тоа дека тие ја презеле одговорноста за неговото уривање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот