Мистерија во Аргентина: 57 морнари се вратиле заразени со коронавирус, иако пред да испловат биле тестирани негативни

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Аргентина се обидува да ја реши мистеријата за појава на Ковид-19 кај 57 морнари кои поминале 35 дена на море. Проблемот во ситуацијата е тоа што морнарите биле тестирани пред да пловат и резултатите биле негативни.

Сепак, рибарскиот брод „Ечизен Мару“ се вратил во пристаништето откако дел од морнарите развиле симптоми кои одговараат на коронавирусот, објави Министерството за здравство.

Според министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни за коронавирус.

Сите биле тестирани 14 дена пред пловењето, биле негативни и биле во карантин во хотел во градот Ушуаја се додека не се качиле на бродот.

Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултатите се очекуваат за уште двајца членови на екипажот, додека двајца морнари биле хоспитализирани.

„Тешко е да се утврди како се заразиле бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена и биле снабдувани со храна од пристаништето Усуаја“, вели епидемиологот Алехандра Алфаро од Тиера дел Фуего.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот