МИСТЕРИЈА СТАРА 40 ГОДИНИ: Кој го украл тестаментот на Тито?

Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито зад себе оставил некој вид политички тестамент во сеф кој требало да го отвори неговата сопруга Јованка, но по неговата смрт во 1980 година, таа е исфрлена од куќата, сефот го отвориле шефот на југословенската тајна полиција Стане Доланц и генералот Никола Љубичиќ, а писмото мистериозно исчезнало.

фото: Курир.рс

Ова за Курир го кажува познатиот белградски адвокат Тома Фила кој бил еден од ретките луѓе со кои некогашната прва дама на Југославија се сретнувала, но и на која му се доверувала. Додека Фила скоро 25 години по правен пат се борел Јованка да добие пензија, документи, личен имот и друго, вдовицата на Тито му раскажала за мистериозното писмо кое Маршалот го оставал во сефот секој пат кога ќе тргнел на пат.

На Јованка и давал писма

„Јованка тврдела дека Тито секој пат и давал едно писмо и го ставал во сеф со другите важни документи. И говорел: Ако нешто ми се случи, прочитај го ова, тука внатре се пишува“. Кога ќе се врател од пат, го земал тоа писмо назад кај себе и повторно го враќал при следните патувања. Таа никогаш не ја прочитала содржината на писмото, не го отворила. А тоа писмо како што разбирам било всушност некој вид политички тестамент, се присетува Фила на разговорот со Јованка.

Набрзо по смртта на Тито, таа е исфрлена од вилата на Улица Ужичка во која со него живеела 35 години. Избркана е за време на ноќ, со закана со пиштол и како што самата тврдела без било какви работи.

„Доланц и Љубичиќ ја избркаа и го отворија тој сеф. Дали го нашле тоа писмо за кое Јованка требало да го прочита и потоа да направи што е потребно? Тоа не го знаеме. По отворањето на сефот на писмото му се губи секаква трага, некој го видел и набрзина го скрил“, вели Фила.

Доверливо

Тоа не е првпат Јованка да го споменува тестаментот на Тито и го обвинувала Доланц дека го скрил.

„Слушнав од една воена другарка дека Тито напишал тестамент и дал да се умножи во осум примероци. Му го предал на другарот Коста Наѓ, генерал на армијата, кога бил во Игало заради некоја конференција. Во тој момент Тито меѓу другото одредил лично јас да водам сметка за сите работи кои ќе останат после него, затоа што јас најдобро ќе знам да ги направам. Исто слушнав и дека после тоа Стане Доланц дошол кај Наѓ и му се заканил случајно да не излезе со тој документ затоа што гадно ќе помине“, стои во писмото на Јованка во јуни 1983 година кое го напишала до доверлива личност.

Тестаментот на Тито и овие мистериозни писма никогаш не се пронајдени.

Адвокатот Тома Фила вели дека не верува дека Јованка Броз имала политички аспирации, како и дека најдобро се видело колку му била верна на Маршалот за време на една од нивните посети на Франција.

„Дојде до инцидент, на балот од торбата на Јованка испаднал пиштол, а обезбедувањето набрзо се обиде да го прикрие. Значи Тито имал голема доверба во неа, таа била последна линија на неговата одбрана, па затоа кај себе држела мал пиштол за ликвидација. Ако сите служби потфрлат, таа требало да го заштити со својот живот, да загине за него. Таа до лудило го сакала Тито и никако не може да се каже дека била од интерес со него“, вели Тома Фила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот