МИСТЕРИЈА ДОЛГА 42 ГОДИНИ: Исчезнала за Ноќта на вештерките, ја пронашле мртва во фрижидер

Фото: Принтскрин/Merc

Родителите на малечката Нима Луиз Картер од Оклахома на кобниот 31 октомври 1977 година кога се празнува Ноќта на вештерките, како секоја претходна вечер, ја ставиле својата 19-месечна ќерка во креветчето за деца. Утрото, нејзината мајка Роуз затекнала празен кревет, а девојчето исчезнало од заклучената куќа, пренесе српски „Телеграф“.

Иако вратите на куќата биле заклучени како и секогаш, од Нима немало никаков траг. Еден месец подоцна телото на девојчето е пронајдено во ладилник на напуштена куќа. Починала од задушување.

Роуз и нејзиниот сопруг Џорџ поминале на полиграф, што потврдило дека не биле вмешани во нејзиното киднапирање и смрт. Меѓутоа, таа вечер во нивниот дом немало други луѓе.

Пред мистериозното исчезнување на 19-месечното девојче, во градот се случиле уште некои чудни настани. Два месеци пред исчезнувањето на Нима, семејното куче во домот на Картер било отруено. По неколку дена, кога се вратиле дома, забележале дека некој влегол во нивниот дом.

Две години претходно, близнаците Мери Елизабет и Аугустина ги киднапирала нивната дадилка која ја обожувале, Џеки Рибидау. Тие се однесени во напуштена куќа и заклучени во стар фрижидер. Два дена подоцна, Мери се задушила, но нејзината сестра Аугустина продолжила да плаче и да бара помош. Тоа го слушнале деца кои си играле во близина, па девојчето било пронајдено и спасено.

Аугустина на сите им рекла дека ги киднапирала нивната дадилка, но дадилката Џеки дури по три години е осудена.

Според „Телеграф“, особено вознемирувачки е фактот што Џеки исто така ја чувала и малата Нима. Вечерта кога таа исчезнала, Џеки Рибидау не била во контакт со 19-месечното девојче, но родителите слушнале како таа плаче во својот кревет.

Меѓутоа, како што рекле, тие не ја провериле својата ќерка и ја оставиле да плаче, верувајќи дека тоа е еден од начините бебето само да заспие.

Иако Нима била вознемирена кога ја ставиле во креветчето, родителите во текот на вечерта ѝ дозволиле да се мачи, а таа одлука најверојатно ќе ги прогонува засекогаш.

Кога Џеки Рибидау конечно е уапсена и осудена за смртта на Мери, одбивала да збори за смртта на девојчето Нима. Дадилката во 1979 година е осудена на доживотен затвор, но Џорџ Картер никогаш не верувал дека таа е виновна за смртта на неговата ќерка.

Во интервју кое го дал 30 години по смртта на неговата ќерка, Џорџ рече дека Џеки не би можела тоа да го направи.

– Секогаш кога доаѓаше кај нас, Нима трчаше кон неа и многу ѝ се радуваше. Пред неколку години прочитав интервју кое го дала Џеки во кое призна дека во тоа време била под дејство на дрога. Но, што ако за убиството на Нима е одговорен некој близок со нашето семејство? Како и да е, никогаш не можам да бида 100 отсто сигурен дека тоа го направи Џеки – рече таткото.

Семејството никогаш нема да ја дознае вистината бидејќи дадилката Џеки починала во 2005 година од цироза на црн дроб додека ја издржувала затворската казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот