Мисовски: Со носење на сетот закони пративме порака – извадете ги предметите од фиока, преземете одговорност и судите согласно законите

„Успешно го завршивме мандатот. Ако се вратиме три години наназад и погледнеме каде бевме, особено на 27 април, кога според СЈО и отворениот предмет, дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ организираа обид за упад и тоа се случи, каде таргет беа пратениците, особено Заев, и се работеше за класичен обид за убиство“, изјави потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“. Тој вели дека се говори фактот што за разлика од пред три години во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија, Собранието има најдобра оценка.
„Не само амбасадорката на САД, туку и од целата меѓународна заедница добиваме позитивни сигнали дека ова парламентарно мнозинство и оваа Влада знае да ги менаџира процесите. Со одредени потешкотии успеавме. Сето она што го побара ЕУ, вклучително и САД, ние направивме“, вели Мисовски. Мисовски вели дека ги донеле сетот од Закони за правосудството, законот за Судскиот совет, Законот за ЈО, за Советот на ЈО „Значи дадовме една шанса на правосудниот систем, пред се обвинителите и судиите да се чувствуваат безбедни од дупките кои и тоа како успешно обвинетите и нивните адвокати ги користеа за да се одложи завршницата и предметите да добијат позитивен крај. Со носење на овие закони ја пративме пораката – извадете ги предметите од фиока, преземете одговорност и судите согласно законити“, изјави Мисовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот