Мисовски: Снимката со Талат е политичка пресметка, тој е досега најдобриот собраниски спикер

Горан Мисовски, Фото: Архива

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, вели дека Талат Џафери е најдобар претседател на Собранието досега. Во изјава за Телма. Мисовски вели дека објавената снимка на која се слуша собранискиот спикер како вика, пцуе и ги навредува службениците, е „политичка пресметка“.

Осуда или коментар за однесувањето на собранискиот спикер, деновиве немаше ниту од останатите партнери во власта. Наредната недела на собраниска комисија пратениците ќе расправаат за навредите кои кон вработени во Собранието ги упати спикерот. Џафери молчи за снимката. ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот