Мислев дека можам да му бидам ЉУБОВНИЦА: Љубомората ме претвори во лудак!

Секој живот си носи своја приказна, добра или лоша. Во продолжение прочитајте една вистинска исповед на жена која мислела дека може да биде „онаа другата“.

Во своите триесетти години започнав врска со оженет маж. Не, ова не е типична приказна за прељуба. Знаев дека е оженет и дека тој и жена му имаат „слободен и отворен брак“.

И претходно бев во отворени врски. Се сметав за сексуално ослободена и дека не можам да бидам повредена ако од почетокот знам во што се впуштам и со што имам работа.

Дури и во претходните моногамни врски сметав дека е баш секси кога мажот гледа други жени, па после тие го забележуваат него… Тоа беше некоја игра што ме мамеше.

Постојано имав слобода да се гледам со други луѓе и да поминувам време со нив. Но тогаш нешто се смени. Мојата светлина се претвори во нешто мрачно.

Уживав во почетниот флерт, сексот, забавувањето, заедничките моменти, а потоа почнав сè повеќе да се грижам за „нас“ и за него и буквално и фигуративнпо.

Нашиот однос дополнително се искомпликува бидејќи тој и покрај „отворениот брак“ одлучи јас да бидам тајна. Ми рече дека тој и неговата сопруга имаат љубовници заедно, но и одвоено, но не ми објасни зошто јас морам да останам тајна.

На почетокот се криевме и тоа ми беше интересно. Уште повеќе „се загреав“ за него зашто не смеев да му пишувам пораки во текот на денот ни да му се јавувам, туку морав да чекам тој да ми се јави.

Што поретко ми се јавуваше, станував сè пољубоморна. Тој ми стана опсесија, а јас болно љубоморна.
Бидејќи двајцата бевме активни на социјалните мрежи, почнав будно да ја следам секоја негова објава, секоја слика. Ги анализирав песните што ги споделуваше, страниците што ги лајкуваше. После почнав да ја следам и жена му преку друштвените мрежи. Ги гледав нивните заеднички фотографии, внимателно следејќи како ја гледа и како ја прегрнува.

Ги знаев имињата на сите нивни пријатели, домашните миленици, каде работеле претходно и со кого работеле.

Во моето срце немаше место за нешто друго, бидејќи тој беше сè за што размислував. Знаев дека тоа е нездраво, ама не можев да запрам.

Никому не можев да кажам за својата љубомора бидејќи никој и не знаеше дека сме во врска, бидејќи криевме. Да бидам „онаа другата жена“ е стереотип во кој мислев дека никогаш нема да западнам.
Само сакав да се будам и да заспивам со него и друго ништо не ми беше важно.

Сакав да станам негова сопруга, да го правам тоа што го прави таа за повеќе да го привлечам кон себе. Сосема заборавив која сум всушност и поради што на почетокот му се допаѓав.

Ретко се гледавме, многу се каравме, а пораките со одвратна содржина „летаа“ на сите страни.

Го меморирав неговиот број како „Не се јавувај!“, ама не можев да одолеам.

Таа деструктивна љубов сосема ме уништи. Бидејќи на работа не бев продуктивна, ми се заканија со отказ. Тоа ми беше најмрачниот период во мојот живот. А тогаш одлучи дека му е доста и ја прекина врската.

Со денови ги анализирав постапките од тој мрачен период. Го избришав неговиот број од телефонот и одлучив некое време да не влегувам во врска за да ја исфрлам љубомората од мојот систем.

По два месеца отидов на состанок со човекот со кој ќе бидам во врска следните 7 години.

Покрај него можев да бидам тоа што сум. Сакаше да ме слуша и ме покажуваше на сите.
Често се прашувам дали би го сретнала и дали би се вљубила во него ако претходно не западнев во црната дупка на љубомората? Можеби.

Сепак мислам дека едноставно морав прво да се најдам себеси за да влезам во нормална, а не во имагинарна врска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот