Мислев дека ме бара сопругата, а тоа да ти бил Мурињо

фото: 90min.com

Тренерот на Тотенхем пред дуелот со Лајпциг изјави дека можеби ќе го повика Крауч на помош во нападот, а по сведочењето на поранешниот англиски репрезентативец приказната не завршила тука.

Жозе Мурињо во шега прокоментира дека Питер Крауч би можел да биде решението за проблемите во нападот на Тотенхем по повредите на Хари Кејн и Хјонг мин Сон, а поранешниот англиски репрезентативец веднаш одговори преку Твитер.

„Подготвен сум Жозе“, напиша Крауч, но приказната не заврши тука.


– Воопшто не би се јавил на повикот преку Фејсбук. Најпрво помислив дека ме бара сопругата Еби која беше на доделувањето на Брит наградите. Претпоставив дека е Еби и дека ќе ми покаже што ќе носи на церемонијата. Кого одговорив на повикот, не беше Еби туку Жозе Мурињо кој седеше во својата канцеларија.
„Значи дали си подготвен? Ајде Питер, потребен си ни!“, ми рече низ смеа Жозе – напиша Крауч во својот блог за „Дејми Меил“.

twitter/Goals News

– Навистина сакам Жозе да биде човекот што ќе му донесе трофеј на Тотенхем по 2008 година. Нормално дека резултатот од првиот натпревар со Лајпциг (0:1) е тежок, но Мурињо е идеален тренер за Тотенхем. Екипата има огромни проблеми со повредите и потребно му е време з да стави свој печат на играта – порача Крауч.

Питер Крауч се пензионира минатата година како член на Барнли, а во кариерата настапуваше и за Стоук, Ливерпул, Портсмут, Астон Вила, Саутемптон, Норич, Кринс Парк Ренџерс. За репрезентацијата на Англија настапи на 42 натпревари и постигна 22 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот