Мислеше дека микрофонот е исклучен: Нацистички поздрав на Ван Бастен (ВИДЕО)

твитер

Легендарниот холандски фудбалер, Марко ван Бастен се доведе во незгодна позиција откако беше фатен како упатува нацистички поздрав пред ТВ камерите. Ван Бастен беше во студиото на Телевизијата Фокс спорт, како стручен аналитичар од средбата помеѓу Ајакс и Хераклес во холандскиот шампионат.

Новинарот Ханс Креј по натпреварот го интервјуираше тренерот на Хераклес, Франк Вормут, кој е Германец.
Креј не зборуваше течно на германски јазик што беше причина за Ван Бастен на крајот од интервјуто да даде непримерен коментар.

– Не толку добро, Sieg Heil, pfannkuchen (палачинка) – прокоментира Ван Бастен.

Славниот фудбалер мислел дека микрофонот бил исклучен, а употребата на нацистичкиот поздрав ги шокира сите поради што подоцна мораше да се извинува.

– Не го кажав тоа за да ги шокирам луѓето. Сакав само да го објаснам познавањето на германски јазик на Ханс, тоа беше непримерна шега – се правдаше подоцна Марко ван Бастен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот