Мислењето за автентичното толкување на Законот за помилување утре на владина седница

Мислењето за автентичното толкување на членот 11 од законот за помилување кое е потребно да го даде владата, за матичната комисија да распарава за него, утре ќе биде на дневен ред на владината седница, најавија од Владата, пренесе ТВ 24.

За законодавната комисија да закаже седница на која треба да му предложи на Собранието заклучок, потребно е мислење од владата. Очекувањата од владата се дека мислењето ќе биде позитивно во однос на предлогот на СДСМ.

Дека министрите ќе го донесат мислењето утре, уште во петокот најави министерката за правда Рената Десковска која го иницираше автентичното толкување, односно ги повика пратениците да го достават до Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот