Мислела дека до нејзиниот син има дух, кога се разденило, сфатила за што се работи – Слободен печат
ЗабаваМагазин

Мислела дека до нејзиниот син има дух, кога се разденило, сфатила за што се работи

Го оставила детето да спие со потенцијален дух, па дури кога се разденило собрала храброст да се приближи до креветчето.

Мајката на бебето цела ноќ не склопила око кога во креветчето во кое спиело нејзиното дете здогледала нешто за што прво мислела дека е дух.

Го оставила детето да спие со потенцијален дух, па дури кога се разденило собрала храброст да се приближи до креветчето.

На фотографијата што ја објавила на друштвените мрежи се гледа дека покрај детето стои глава од уште едно бебе, значително помало, но сепак се гледа.

„Минатата ноќ бев сигурна дека во креветчето на мојот син има дух. Се испаничив, воопшто не спиев, дури се обидов да влезам со батериска ламба додека син ми спиеше“, напишала мајката.

Кога се разденило, сфатила за што се работи.

Нејзиниот сопруг заборавил да го тргне најлонот од душекот, па на него останал рекламниот картон на кој имао слика од дете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close