Мислел дека уловил голема риба, се шокирал кога видел што влече од водата (ВИДЕО)

Youtube

Рибар ловел од брод во градот Веип на северот од Австралија кога почувствувал дека нешто големо му се закачило на јадицата.

Непријатно се изненадил кога наместо риба, видел дека уловил голем крокодил.

Цврсто го држел стапот и брзо ја вртел ролната за да го извлече својот улов од водата, но потоа на површината излегол крокодил.

Всушност, рибата што ја уловил човекот ја загризал крокодилот, па рибарот заедно со рибата го извлекол и него од морето.

Крокодилот некое време кружел околу бродот, а рибарот на крај го ослободил сечејќи го конецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот