МИСИЈА „РИГА“: Време е да се вратиме на победничките патеки!

ffm.mk

Денеска од 20.45 часот најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе го игра својот шести натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Летонија. После бодот во Израел, евентуален триумф вечерва повторно ќе ги врати „црвено-жолтите“ во трката за второто место на табелата во Г групата.

Селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалери ги почитуваат Летонците иако имаа лош меч против Австрија, но понекогаш тоа не мора да значи многу.

– Очекувам да одиграме мотивирано, енергично и да победиме. За нас е ова многу важен натпревар, со победа остануваме во игра за висок пласман во квалификациската група. За мене нашата мотивација е да дојдеме до осум бода и да влеземе во егал завршница. Сите успеси се должат на квалитетот на фудбалерите, преку Лигата на нации дојдовме во бараж, а доколку победиме на денешниот дуел, ќе бидеме со опции и преку квалификациите. Бодот со Израел ќе добие на тежина само доколку ја совладаме Летонија – рече Ангеловски.

Еден од репрезентативните напаѓачи и воедно член на кипарскиот клуб АЕК Ларнака е свесен за квалитетот на противникот, но поважен е нашиот настап.

– Доколку мислиме премногу на нашиот ривал, си ги компликуваме работите. Затоа, мислиме како ние да одиграме најдобро. Очекувам многу од самиот себе, па потоа да се ставам во својство на тимот. Еден инвидуалец не може ништо без тимот – вели Тричковски.

Главен судија на „Даугава“ стадионот кој ќе дели правда на средбата Летонија-Македонија во Рига е Норвежанецот Еспен Ескас.

Квалификации ЕП 2020

Група Г, денешни натпревари:

20.45 часот Летонија-Македонија
20.45 часот Полска-Австрија
20.45 часот Словенија-Израел

Табела:

1.Полска 12 бодови
2.Австрија 9
3.Словенија 8
4.Израел 8
5.Македонија 5
6.Летонија 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот