Мисии во вселената: Русија се подготвува за лет кон Венера

Фото: EPA-EFE/STR CHINA OUT

Русија е подготвена за самостојно финансирање на националната мисија до Венера со рок за лансирање во 2030 година, изјави Анатолиј Петрукович, директор на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките.

– Ако нема преголемо трошење, тогаш до 2030 година ќе можеме да го реализираме ова, рече тој.

Според Петрукович, лансирањето на лунарните мисии „Луна-26“ и „Луна-27“ во 2024 година и во 2025 година, овозможува да се финансира следниот проект. Тој истакна дека во моментот се разгледува можноста за започнување на мисија во Венера во 2029 година, пренесува БГНЕС.

Претходно беше објавено дека „Роскосмос“ одлучи да ја спроведе мисијата „Венус-Д“ за проучување на Венера како национална, без широко учество на меѓународни учесници. Претходно, САД беа рамноправен партнер во проектот.

Вчера, пак, научници од Универзитетот Кардиф (Велика Британија) и Технолошкиот институт во Масачусетс (САД) објавија дека пронашле фосфин во атмосферата на Венера, што најверојатно е од биолошко потекло. Се произведува од микроорганизми кои не користат кислород за дишење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот