Мисици кои доживеале трагична судбина: Една за малку ќе изгорела во експлозија во Белград, друга убиена на 19-от роденден

Instagram

Натпреварите за убавина со години се совршен начин да го одмориме мозокот и да уживаме во убавината на прекрасните девојки. Малку е чудно изборите за мис да се поврзуваат со црна хроника, но деновиве беше актуелен случајот со 21-годишната мисица Сунита Хадиќ Бошњаковиќ, која беше обвинета за убиство на бизнисменот Иванковиќ. Таа не е единствената мисица која завршила во рубриката црна хроника.

Ракел Хачинсон, Мис на Хаваи тропик е осудена за убиство бидејќи со тогашното момче го мачела и го убила својот бивш сопруг. На судењето рекла дека само сакала да го застраши бидејќи тој ги „злоставувал нивните деца“ така што им покажувал снимки од егзорцизам и потери по демони и духови. Набрзо се испоставило дека Ракел е самопрогласена вештерка која имала вуду кукли од бившиот сопруг и на него фрлала уроци. На суд се бранела со непресметливост, но тоа не ѝ успеало и добила 5 години затвор.

Accused murderer Raquel Hutchison is a former model, beauty queen and actor.
Supplied

Шпанката Олат Билбао Гонзалес минатата година беше тешко поврдена во експлозија на автомобил во Земун во близина на Белград. Мис Марбел била во врска со младиот белграѓанин Страхиња Стојановиќ, кој веќе 28 години ѝ бил многу добро познат на полицијата. Неколкупати бил во затвор, а го поврзувале со мафија и со убиства во Црна Гора и во Србија. Мисицата дошла во посета на Страхиња со кого била во љубовна врска. Седнале во „аудито“ паркирано пред куќата, но Страхиња наводно го заборавил мобилниот па се вратил во куќата. Гонзалес седела во автомобилот кој тогаш експлодирал, а таа од силната експлозија „летнала“ 10 метри. Имала скршеници на двете нозе и други повреди. Се претпоставува дека Стојановиќ бил мета на нападот, а по инцидентот тој исчезнал.

Instagram

Мисицата долго се опоравувала, била на неколку операции, а неколку месеци подоцна на друштвените мрежи објавил фотографија со Страхиња. Наводно се венчале и живеат во Шпанија. Него уште го бара српската полиција.

Уште една јужноамериканска мисица е поврзана со балкански криминалец. Некогашната мис на Перу, Камила Каникоба, наводно била во врска со Давид Куфај, српски државјанин со потекло од Косово, кој бил осомничен дека се обидел да прошверцува два тона кокаин од Перу во Белгија. Вредноста на дрогата била околу 174 милиони долари, а иако тој бил осомничен како главен организатор, го пуштиле да се брани од слобода, по што, секако исчезнал.

Instagram

Камила изјавила дека не го познава, но перуанските медиуми објавиле нивни заеднички фотографии кои укажуваат на тоа дека се прилично блиски.

Неколку дена пред да отпатува во Лондон на изборот за Мис на универзум, мисицата на Хондурас, Марија Хосе Алвардо исчезнала заедно со сестра ѝ, а набрзо бил уапсен Плутарко Руиз, кој двете ги убил.

Maria-Jose-Alvarado-Honduras-Beauty-Queen-1

Причина за убиството била љубомората. На прославата на роденденот на Марија, нејзината сестра Софија Тринидад танцувала со некој маж, на што Руиз, со кого тогаш била во врска, сосема полудел од љубомора и пукал во неа. Марија легнала на безживотното тело на сестра ѝ, а потоа Руиз и неа ја застрелал. Руиз заедно со свој пријател ги закопал нивните тела покрај реката. Верувале дека на тој начин телата побрзо ќе се распаднат. Руиз се бранел на суд како психички нестабилен, но сепак е осуден на 45 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот