Мишустин и Медведев на средба со министрите од владата во оставка – приоритет е исполнувањето на задачите од Путин

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Мишустин најави нови состаноци со министрите откако ќе биде објавен новиот состав на владата.

Новиот премиер на Русија Михаил Мишустин и неговиот претходник Дмитриј Медведев се сретнаа денеска со министрите од владата во оставка.

Мушистин истакнал дека приоритет е исполнување на сите задачи кои ги дал претседателот Владимир Путин.

Медведев, пак, им се заблагодарил на колегите за досегашната соработка. Според него, работата „министер“ е една од најтешките бидејќи бара голем напор, а истовремно е мета на критика од целиот народ.

Мишустин најави нови состаноци со министрите откако ќе биде објавен новиот состав на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот