Мишевски: Оваа репрезентација покажа дека има иднина

Марко Мишевски / фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Македонскиот репрезентативец Марко Мишевски постигна три гола во поразот од 21:31 од Данска и верува дека оваа селекција има иднина и покрај трите порази на ЕП.

– Добро отворивме, со серија 4:0 на стартот, но сепак Данска е светски и олимпски шампион. Мислам дека дадовме сѐ од себе и незаслужени се овие десет разлика за нив. Се боревме, оваа генерација покажа дека има иднина и се надевам дека понатаму ќе имаме големи успеси.

Јас на македонските навивачи може да им кажам само едно големо благодарам, за времето кое го одвоија да дојдат тука и да нѐ поддржат. Фала за таа поддршка, тие секогаш се нашиот ветер во грб – вели Мишевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот