Мишевски од Вардар се пресели во Франција

Марко Мишевски во новата сезона ќе настапува во францускиот шампионат откако потпиша договор со екипата на Гренобл. Младиот ракометар летово го напушти Вардар во потрага по поголема минутажа. Мишевски игра на позицијата среден бек, и беше дел од составот на европскиот првак Вардар, но не одигра ниту една минута во Лигата на шампионите, додека во СЕХА лигата имаше мала минутажа.

– Ние сме среќни што донесовме играч кој ја освои Лигата на шампионите. Марко е ракометар со голем потенцијал, кој може да игра и во нападот и во одбраната . Моја работа е да го направам уште подобар. Колку што го видов тој е добар професионалец и има голем простор за напредок – изјави тренерот на Гренобл.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот