Мишел: Потребна е поголема безбедност и предвидливост за ситуацијата во источен Медитеран

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека ЕУ сака поголема безбедност и предвидливост кога станува збор за ситуацијата во источен Медитеран и дека лидерите на ЕУ од самитот во Брисел јасно ќе кажат какви односи сакаат со овој дел од светот.

– Ние, исто така, сакаме да ја покажеме нашата солидарност со Грција и Кипар. Подготвени сме да се вклучиме, а различни опции се на маса, вели Мишел.

Прашањето за Источен Медитеран и зголемените тензии меѓу Турција од една и Кипар и Грција од друга страна, се во фокусот на разговорите на лидерите на ЕУ во Брисел.

Во ЕУ има две струи, едната е предводена од Грција, Кипар и Франција, која го поддржува воведувањето санкции против Турција за нелегално дупчење во источен Медитеран.

Од друга страна, Берлин е за дипломатско решавање на проблемот, нагласувајќи ја важноста на односите ЕУ-Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот