Мишел Обама призна дека страда од депресија поради коронавирусот: Важно е да се придржувате до вашата рутина

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, призна дека страда од блага депресија и вели дека пандемијата на коронавирусот и неправдата кон Афроамериканците биле предизвикувачи за болеста.

Мишел рече дека за да се справите со емоционални подеми и падови, треба добро да се познавате себеси и да знаете кои работи ве прават среќни. Таа призна дека има потешкотии да ја следи својата рутина и дека има проблеми со спиењето.

Се будам среде ноќ затоа што сум загрижена за нешто или чувствувам тежина“, рече таа во нејзиниот подкаст.

Ова не се времиња кои исполнуваат духовно. Се борам со некоја форма на блага депресија. Не само поради карантинот, туку и поради расните немири, а самото гледањето на оваа влада, гледањето на лицемерието од ден во ден, е обесхрабрувачко“, рече Обама.

Таа исто така истакна дека е „исцрпувачки“ кога ќе се разбуди и ќе прочита уште една вест за црнците кои на некој начин се дехуманизирани, повредени, убиени или лажно обвинети за нешто.

И тоа доведе до тешкотии кои веќе некое време не сум ги чувствувала“, рече таа.

Нагласи дека редовниот дневен распоред е клучен за справување со ваквите чувства и дека во текот на пандемијата е важно да се придржувате до вашата рутина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот