Мишел Обама откри како изгледало растењето на нејзините ќерки во Белата куќа (ФОТО)
Слободен печат
Пред
Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама во интервјуто за „ETonline“ откри како изгледало растењето на нејзините две ќерки во Белата куќа. Таа изјави дека се обидувала да им обезбеди нормално детство, иако тоа било многу тешко.
Барак и Мишел Обама имаат две ќерки, 21-годишната Малиа и 18-годишната Саша. Имено, Мишел изјави дека пресвртот во нивната приватност се случил во една секунда.
„Бевме нормални луѓе се додека Барак не одржа говор на една конференција и тогаш се тргна како ракета“, кажа таа додавајки:
„Осум години живеевме како: Да, вашиот татко е претседател. Тоа нема никаква врска со вас. Одете во училиште. Да, имате заштита со себе, но игнорирајте ги. Вашата цел е да дојдете до училиштето, да се вратите, да имате солидни оценки. Да не се однесувате недолично и да не не срамите“.
Сепак, детството на нивните девојчиња било поинакво од она на нивните врсници.
„Тие постојано покрај себе имаа заштита. Замислите да се обидете прв пат да се бакнете додека околу вас стојат мажи со пиштоли и слушалки во ушите. Замислете ја ситуацијата кога Малиа и Саша одеа кај своите пријателки, а повикот до нивните родители би гласел вака: „Ок, ќе ни треба вашиот број од осигурувањето и датум на раѓање. Ќе дојдат и неколку мажи да ја пребараат куќата. Доколку имате оружје или дрога, слободно кажете им каде стојат бидејќи тие и така ќе ги пронајдат. Нема ништо да земат, само треба да знаат каде стојат. И да, еден маж со пиштол цела ноќ ќе седи на вашиот куќен праг. Дајте му да го користи тоалетот, би било убаво од вас“. Знаете, изненадена сум што моите девојки воопшто имаат пријатели“, откри Мишел.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во каква состојба се автобуските постојки низ градот, сведоци се граѓаните што секојдневно користат јавен градски превоз. Дел од нив се со ишарани и измачкани стакла, некои немаат натстрешници, некои клупи, а на повеќето се искршени и кантите за ѓубре. Некаде нема електронски информативни табли преку кои граѓаните се информираат за пристигнувањето на автобусите, а …
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. …