Мишел: Итно е потребен напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, утрово оствари средба со косовскиот премиер, Авдулах Хоти, за кого ова е прва официјална посета на Брисел и ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Рестартирањето на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина бил главна тема на разговор, но ни напредокот на Косово кон ЕУ, од што зависи “кредибилитетот на заложбата” на двете страни.

-Ја истакнав итната потреба за напредокот во Дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Неодамнешното назначување на Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак за Дијалогот го илустрира фокусот на ЕУ кон овој дијалог, чие рестартирање е сега планирано за јули 2020 во Брисел, соопштија од кабинетот на Мишел.

На средбата станало збор и обвинението на хашкиот суд против Хашим Тачи, но ЕУ одбива да коментира освен за да ја истакне потребата процесот да се одвива независно без влијание од надвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот