Мишел: Го поддржувам „Отворен Балкан”, треба и останатите да му се приклучат

Шарл Мишел/ Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на заедничката прес- конференција со премиерот Еди Рама во Тирана рече дека го поддржува „Отворен Балкан” и додаде дека колку повеќе земјите од Западен Балкан се обединуваат, толку се поголеми можностите за зајакнување на економиите.

– Лично го поддржувам „Отворен Балкан” и посакувам сите да се приклучат на оваа иницијатива, колку повеќе се, толку поголеми ќе бидат можностите за зајакнување на економијата и приближување на Западен Балкан до ЕУ, со финансиски пакети, рече Мишел.

Во однос на почеток на преговорите со Албанија, тој изрази надеж дека оваа пречка ќе се надмине што поскоро.

– Во земјава постои нетрпение за почетокот на прегвори со ЕУ, да се надмине оваа пречка и што поскоро да се започнат преговорите. Му кажав на премиерот, ќе имаме последен состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Од срце се надевам дека во претпоследната недела од јуни ќе го направиме ова. Позицијата на премиерот е сосема разумна во овој поглед, рече Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот