Мишел ги повика политичките актери во Грузија да ги намалат тензиите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја повика денеска грузиската Влада и опозицијата да ги намалат тензиите предизвикани од политичката криза, која минатиот месец доведе до улични протести и оставка на премиерот Гиорги Гакариа.
Приврзаниците на грузиската опозиција протестираа изминатите недели, барајќи ослободување на опозицискиот политичар Нике Мелие и распишување нови парламентарни избори.
Помала група демонстранти тргна денеска кон резиденцијата на некогашниот премиер Бидзина Иванишвили, основач на владејачката партија „Грузиски сон”, каде скандирале и барале нови парламентарни избори.
– ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да ги зајакнат напорите за деескалирање на ситуацијата и пронаоѓање заедничко решение, истакна Мишел на заедничка прес-конференција во Тбилиси со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили.