Мишел: Европа е подготвена да ја засили поддршката за Сиријците во Турција

Во соопштението се истакнува и дека Мишел „ја потврдува својата поддршка за Грција, Бугарија и Кипар”.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, при што се заложи за забрзување на давањето нова финансиска помош за сириските бегалци, се наведува во соопштението од ЕС.

– Средбата беше отворена и неопходна. Фокусот на разговорите беше ставен на миграциската ситуација по морските и копнените граници на ЕУ и кризата во Сирија. Неопходно е да се намали сегашниот миграциски притисок по должината на европските граници. Европа е подготвена да ја засили поддршката за Сиријците во Турција, потенцираше претседателот на ЕС.

Во соопштението се истакнува и дека Мишел „ја потврдува својата поддршка за Грција, Бугарија и Кипар”.

– Постои итна потреба од постојан прекин на огнот и трајно политичко решение за сириската криза. Сите земји мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. Хуманитарниот пристап е клучен и Европа е подготвена да обезбеди дополнителна помош за внатрешно раселените лица во Идлиб, се потенцира во соопштението. 

За денешната средба со Шарл Мишел од кабинетот на Ердоган соопштија само дека била двочасовна и се одржала во претседателската палата, јави Анадолија. На средбата присуствувале и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот