Мишел: ЕУ и САД мораат заеднички да работат на зачувувањето на глобалната безбедност

Фото: ЕПА

Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европската унија и САД мораат да работат заедно на зачувувањето на глобалната безбедност, демократија и стабилност, пренесуваат британските медиуми.

– Тоа што го гледаме е дека вредностите на демократијата и владеењето на правото се повторно под притисок, има внатрешни и надворешни закани, и повеќе од кога било порано, САД и ЕУ имаат одговорност за генерациите што доаѓаат, рече Мишел на прес-конференцијата по видео-конференција на Европскиот совет, на која кратко му се придружи и американскиот претседател Џо Бајден, пренесуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот