Мисајловски: Заев е најголемиот трговец на сè што е македонско, затоа мора да го сопреме

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на вклучувањето во вестите во 12.30 часот на телевизија Алфа рече дека денес се протестира во главниот град, бидејќи Зоран Заев распродава се што е македонско, а народот се информира од странски медиуми што прави премиерот.

– Ништо не се знае, не се знае за што се преговара Заев. Тоа е најлошо што може да му се случи на секој граѓанин. Замислете граѓаните треба да дознаат за што преговара премир на нивна држава преку страснки медиум, во случајов бугарски. Затоа сме тука ние пред владата, пред МНР. Ова се институции кои мора да дадат одговор. Заев е најголемиот трговец на се што е македонско, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека за разлика од СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ е партија што се грижи за интересите на македонскиот народ, на сите во државата.

– Тоа не е случај со власта. Сега ние имаме власт која се грижи за своите функции и за тендерите. Ние тоа нема да го дозволиме, нема да дозволиме да се распродава се што е македонско, идентитет, јазик, култура, кажа Мисајловски.

Потпретесдателот Мисајловски ги повика сите да се придружат на протестот бидејќи како што рече се работи за македонија.

– Ги повикуваме сите партии, сите граѓани, ова е борба за Македонија. Заев одбегнува средби со опозицијата, Заев сака сам да тргува, посочи Мисајловски.

Поради штетните политики, рече Мислајовсски, ние секој ден продолжуваме да го искажувеме незадоволството.

– Секој ден ќе бидеме на улиците, со граѓаните во сите градови и села. Целта ни е да прекине ова лудило на Заев. Заев и овие од власта немаат црвени линии. Ние ќе покажеме пркос се додека не се дознае за што разговара Заев. Едноставно мора да го сопреме, рече Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот