Мисајловски: Во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе изградиме целосна подземна инфраструктура и нов асфалт (ВИДЕО)

Денеска повторно сум во Бутел при завршување на кампањата да ја осетиме сите овде оваа победничка еуфорија во општината Бутел. Јас се заблагодарив на сите граѓани кои што ни ја даваат поддршката што постојано беа со нас на терен, и се разбира и сите граѓани кои ни ги отворија портите што можевме да разговараме со нив, да размениме мислења на сите оние средби со граѓани, рече Владо Мисајловски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас ја чувствувам оваа позитивна енергија во Бутел и се надевам дека на 15 јули ќе се види огромната победа и сите ќе бидат со нас насмевка на лицата бидејќи следи Обнова на Бутел. На многу населени места ветивме повеќе инфраструктурни објекти, јас сакам да потенцирам за неколку работи. Сакам да потенцирам дека Кучевишка Бара и Бел Камен ќе добијат комплета инфраструктура и тоа го ветивме пред граѓаните и еве уште еднаш го повторувам значи за тие две населени места, кој се на помеѓу две општини, ние како централна власт јавно се заложуваме дека ќе ги решиме сите инфраструктурни проекти, а не како власта сега незаконски да отиде да постави и да фрли малку асфалт колку да ги замачка очите- вели Мисајловски.

Прочитајте и...  Шведско-норвешка двојка се венчаше на граница поради пандемијата

Таму треба целосна подземна инфраструктура, истакна тој, а се разбира и потоа асфалтирање и нови тротоари.

-Затоа јавно го говориме ова да знаат граѓаните да бидат спокојни дека ние ќе обезбедиме средства и ќе им помогнеме. Но, не само на тие две населени места, туку насекаде во Бутел. Како што можеме да слушнеме во последно време дека оваа општина Бутел и ова раководство  нема едно камче поместено, може само некоја ограда од школо да фарбала и тоа е тоа. Затоа почитувани пријатели, почитувани сограѓани сите да излезете на 15 јули и кажете доста е време е за обнова, време е за бројот 14- рече Мисајловски.

Прочитај повеќе

Фаучи: Сериозно се сомневам дека руската вакцина е безбедна и ефикасна

Слободен печат

Пет градови во Турција имаат најголема стапка на раст на новозаразени

Слободен печат

СЗО: Над 10.000 новозаразени со коронавирус во Африка

Слободен печат

Германија има над илјада новозаразени со коронавирус

Слободен печат

Словачка се соочува со втор бран на коронавирусот

Слободен печат

Џасинда Ардерн: Понатамошно ширење на Ковид-19 ќе влијае на одлуката за избори

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Повторно има интернет во Минск, приведени над 2.000 лица во протестите по претседателските избори

МИА Агенција

ДИЖС: Нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во реката Вардар

МИА Агенција

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се воведе PCR тест за патниците од соседството кои транзитираат низ државава

МИА Агенција

Бутан првпат прогласи сеопшт карантин поради едно заразено лице од Ковид-19

МИА Агенција

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс” денеска на програмата на „Охридско лето”

МИА Агенција

Рекорден број смртни случаи во Австралија за 24 часа

МИА Агенција