Мисајловски: Владата треба да набави вакцини, наместо да воведува забрани и насила да турка попис

Наместо Владата да земе целосно да се ангажира и да набави вакцини, повторно воведува некои затворања, а во меѓувреме на избори може да одат, попис на сила може да туркаат. Мерките ги носат маркетиншки и партиски немаат ефект, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Мисајловски истакна дека треба повеќе разум кај власта, а прво нешто што треба да се направи е да се одложи пописот се додека здравствената состојба не го дозволи тоа и додека не се набават доволен број на вакцини.

Ако треба да има попис, тогаш илјадници треба да попишуваат а за нив нема вакцини. Дали е логички да се одржи пописот? Треба разум. Комисијата работи како ќе им каже владата така прават. Народот психолошки веќе не може да ги издржи сите политички маневри на владата и нема логика во се ова што го прават. Мерките кои ги презедоа се недоволни, а од друга страна времето го трошат да се сликаат цел ден на црвени килими за еден пакет вакцини, а страдаат граѓаните. Добро е што стигнаа и тие вакцини, но не е доволно, истакна Мисајловски.

Тој нагласи дека најголем хендикеп во моментов е што владата нема набавено вакцини а во меѓувреме за сопствената неодговорност и неспособност го обвинува народот.

– Бројките се огромни, имавме вонредни ситуации за многу помалку случаеви, правеа политички игри за да менуваат закони и да носат уредби, направија впечаток дека нешто прават, но еве го гледаме резултатот од сето тоа. Ние сме по смртност во врвот на Европа и регионот. Кај нас никако да застане бранот и никој од власта не презема одговорност, а ги обвинуваат граѓаните. Тоа е безобразно, потенцираше Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот