Мисајловски: Вистината е дека овие три години СДСМ се посветија на само едно прашање, само како да се смени името

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва се пред Кумановчани вети дека ќе разговара за сите проблеми што ги тиштат, за урбаниот хаос што се случува, за скараната централен и локална власт, кој поголем шериф да биде во градот.

-За нас се не важни. Имаме разлика, го имаме Христијан Мицкоски и го имаме Зоран Заев. Кого да одбереме, човек кога дојде пред 30 месеци на првото место во партијата се трудеше од кал максимално да ја крене партијата на нозе. Свртете се и видете. Во секој град преполно народ, позитивна енергија и за две недели победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија- порача Мисајловски.

Сите кумановчани сакаат да останат тука, потенцираше Мисајловски, сите сакаат да имаат подобар живот тука во Куманово. Сакаат да покажат дека можат повеќе.

-Со децении власта во Куманово е на СДСМ, јас ве прашувам јавно каде ги видовте последниве 3 години тие 230 км автопатишта што ги изградија. Дали ги има тука во Куманово. Дали го има клиничкиот центар што го ветија гледам спотови прават за него. Нема ништо лаги и манипулации.  Сакам да ја говорам вистината, а вистината е дека овие три години се посветија на само едно прашање, само како да се смени името. Како да се создаде немир и омраза меѓу граѓаните, а сите останати во власта поготово и техничкиот премиер гледаа само како да се збогатат, ништо повеќе. Куманово заслужува повеќе Куманово има чесни луѓе доби луѓе и така мора да биде така и да остане”, истакна Мисајловски од Куманово.

Мисајловски предупреди дека после 15-ти јули може да биде касно.

-И на претходните избори велевме дека Зоран Заев е нечесен и она што го кажува е измама. Сега он вели многу убави работи да ги чуете, но ќе бидете измамени. Немојте по втор пат да ве измамат. Вие во Куманово треба први да кажете дека е доста. Ова е најголем град во Македонија. Град кој заслужува најмногу, кој треба да биде еден од најубавите урбани центри, јас ве уверувам дека Христијан Мицкоски и овој тим ќе донесат многу за Куманово. Ќе донесе Обнова. Јас лично ви ветувам дека ќе бидам тука независно од функциите тие се менливи најважно да останеме луѓе. Во новата влада ќе има многу луѓе од Куманово што ќе ја водат власта. Христијан Мицкоски е лојален на Македонија. Од другата страна го имате техничкиот премиер и Зоран Заев кој ништо немаат направено за Куманово. Но одликата е ваша. Вие ќе изберете. Дали сакате Куманово да биде просперитетен град или да остане во овие црнила во кои е долги години. Знам дека сакате да го видите вашето дете тука во Куманово- рече Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот