Мисајловски: Ветуваме нови странски инвестиции и отвoрање нови работни места

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа за пратеници во Втората изборна единица Владо Мисајловски денеска во општина Гази Баба  ги запозна граѓаните за проектот „Обнова за Македонија”. На средби со дуќанџии и со луѓе што  водат мали бизниси Мисајловски ги слушна нивните согледувања за актуелната состојба и очекувањата за подобар живот во наредниот период.

-На пиедестал мора да бидат ставени повозрасните лица, односно пензионерите. Исто така, имав една добра убава средба со повозрасните луѓе кои сакаат само нивните деца да останат тука, сакаат да имаат стабилни пензии, но ние ветуваме дека ќе пораснат во наредниот период преку 20 проценти. Затоа тие луѓе ни се многу важни, мора да останат на пидесталот и затоа ние насекаде каде што имаме можност ќе ги посетиме, истакна Мисајловски.

Според него, мора да се направи многу повеќе и да се обнови Македонија – како што рече „да ја обновиме инфраструктурата, уметноста, науката, културата, да ги обновиме и оние нови работи места кои ние ги ветуваме, односно Македонија да стане место каде што ќе има под 10 проценти невработеност”.

– Затоа, во наредниот период нека се очекуваат многу странски инвестиции, нека се очекуваат многу работни места, но за сето тоа да стигне треба граѓаните да ни ја дадат поддршката и да гласаат за обновата на Македонија, рече Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот