Мисајловски: Се обврзуваме на поголеми пензии по победата на 15 јули

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска ја посети општина Шуто Оризари каде што оствари средби со пензионерите и граѓаните на Шуто Оризари.

-Денеска сум повторно во Шуто Оризари каде што се сретнавме со многу граѓани, имавме одлична средба со пензионерите каде што разговаравме  за проектот обнова а се разбира и за зголемвање на пензиите на секој пензионер, тие побаараа идоста работи каде што надлежна е и локалната самоуправа која за жалништо неправиза сите повозрасни луѓе- нагласи Мисајловски

Мисајловски додаде дека и по завршувањето на овие избори ќе продолжи со  средби со граѓаните на Шуто Оризари.

-Затоа ги охрабривме после завршување и победата на овие избори на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме да се гледаме со сите граѓани исто така и  со повозрасните лица за да му дадеме сигурност и доверба дека и локалните проблеми ќе ги решаваме бидејќи потоа следат и локални избори. Затоа ги охрабрувам  сите повозрасни лица сите потреби што на нив им се важни да ни ја дадат сега довербата а ние се разбира ќе продолжиме со макотрпна работа и во наредниот период -истакна Мисајловски

Носителот на изборната единица 2, Мисајловски ги повика граѓаните на 15 јули да дадат поддршка на обновата на  Македонија.

-Исто така имав можност да прошетам тука низ дуќаните низ улиците да поразговарам со граѓаните кои  навистина  ни  даваат се поголема поддршка. Убаво е  да се слушне дека граѓаните сакаат да ја поддржат обновата  на Македонија  а од  друга страна  се навистина разочарани  и гневни поради  тоа што се излажани изминативе три години. Затоа ние ќе продолжиме со позитивна кампања ќе продолжиме со еден куп проекти да им објаснуваме  на граѓаните тука во Шуто Оризари зошто да не поддржат и зошто да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ- кажа Мисајловски.

Мисајловски упати апел до граѓаните на Шуто Оризари да  пријават доколку некој  им се заканува или некој ги уценува до денот на гласањето.

-И на крај би сакаал да упатам апел до сите граѓани на Шуто Оризари до сите роми до сите граѓани на Шуто Оризари да излезат и да гласаат независно ако некој ги уценува и од која било партија да го  пријават тоа да се чуствуваат удобно за дентоа  на гласање да излезат и да го дадат гласот за онаа партија што  тие  сакаат, но важно е да се гласа за  ВМРО-ДПМНЕ на 15  јули за бројот 14-заклучи Мисајловски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот