Мисајловски: Предвремени парламентарни избори мора да има, Владата е нефункционална

Фото: mia.mk

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за време на денешната посета на Куманово се осврна на прашањето за предвремени парламентарни избори.

– Очекувам избори, но поважно е сите ние заедно да се сплотиме за да ги победиме заеднички. Тоа е најважната порака што ние треба да ја упатиме до сите граѓани. Оваа власт не функционира. Зошто велам така, затоа што во самата коалиција имаат еден куп на дневни проблеми, не можат еден обичен кворум да закажат во Собранието каде често пати сме обвинувани ние како опозиција дека не правиме кворум, истакна Мисајловски.

Според него владеачкото мнозинство не може да се собере ни за основни закони.

– Ние неколку пати им помагаме за законите во здравството и слично. Не поради ВМРО-ДПМНЕ или поради некоја друга партија, туку само поради граѓаните. Но, ова, гледаме дека не може да функционира, рече Мисајловски.

Потпретседателот укажа дека владата е заинтересирана само за своите интереси.

– Гледате што се случува, каква корупција има во локалната самоуправа, колку проблеми има меѓу коалициските партнери. Кај и да е мислам дека самите меѓу себе ќе се раскараат, така што парламентарни вонредни избори мора да има. Се разбира наша обврска и задача е како тие ние заедно со граѓаните да го кренеме на едно повисоко ниво и со овие локални избори да бараме и предвремени парламентарни избори, рече Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот