-4 C
Скопје

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование (ВИДЕО)

Денеска имам можност да сум тука во Ѓорче Петров и да се сретнам со повеќе граѓани. Да разговарам за секојдневните проблеми, но и да ги слушнам нив, се разбира и утре во новата влада да имплементираме се што е потребно за да им помогнеме на овие луѓе, истакна Владо  Мисајловски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се работи за многу мали дуќанчиња сопственици на приватен бизнис кои мака мачат овие неколку година, а поготово од кога се погодени од здравствената криза. Затоа најважно е ВМРО-ДПМНЕ им дава надеж дека ќе им помогнеме на сите мали бизниси, за да ги издржат овие период, но секако и во идниот период кој што доаѓа како да ги зачуваат своите работници и како да имаат успешен бизнис, бидејќи навистина се погодени. Исто така имав седба и со просветните работници каде што разговаравме за сите оние предизвици доаѓаат во наредниот период и секако ги објаснивме сите наши проекти кои се наоѓаат во обновата на Македонија- рече Мисајловски.

Прочитајте и...  ФОТО | Три девојки и три момчиња се фрлија по Светиот крст во Земун: Од ладниот Дунав до крстот прва стигна Ања

А тоа се разбира обнова на образованието, на науката и културата, потенцираше тој.

-Во Ѓорче Петров има многу нерешени локални проблеми каде за жал општинската власт тука нема слух, не се работи а ниту пак има капитални инвестиции. Во минатото се градеше насекаде низ Република Македонија, еве може да се виде и позади мене делата на ВМРО-ДПМНЕ и насекаде низ Ѓорче Петров каде што се вложуваше во инфраструктурата. За жал сега ниту градот, ниту општината, ниту пак централната власт не им текнува. Може они ќе се пофалат со некои проекти од ВМРО-ДПМНЕ како што е започната канализација во времето кога јас лично преку владата обезбедив средства за да се заврши канализацијата во Волково, да се обезбедат средства за 33 улици, но они сега се фалат со тие улици. Нејсе, важно е граѓаните да ги добијат тие улици а тие нека продолжат да се фалат со проекти кои ги нарекуваат нивни, но за жал такви проекти не постојат- рече тој.

Прочитајте и...  Може ли попис и бојкот во исто време

Мисајловски истакна дека ги охрабрува граѓаните да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за Обновата на Македонија, бидејќи навистина ќе има илјадници проекти, за секој еден од нив, не само во Ѓорче Петров, туку насекаде во изборната единица 2, насекаде во Република Македонија.

Поврзани вести

Усвоен планот за распределба на административните службеници во земјава

Слободен печат

Помпео: Мултикултурализмот не е својствен за Америка

Слободен печат

Јанша: Вакцинација на 70 отсто од населението во Словенија до почетокот на летото

Слободен печат

Фрчкоски: Би било добро вакцинацијата да започне што побрзо

Слободен печат

РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА ВО ВАШИНГТОН: Откриени се десничари во редовите на Националната гарда кои требало да ја обезбедуваат инаугурацијата!

Слободен печат

ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Монструми опиле и силувале девојка која завршила во болница

Слободен печат

Остави Коментар