Мисајловски открива за што заседава вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Владо Мисајловски / Фото: архива

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува седница, на која како што најави потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, се разговара за актуелната политичка ситуација и состојбите по локалните избори.

Мисајловски, во изјава за МРТ, вечерва посочи дека ова е еден од тековните Извршни комитети, на кој прва точка е разгледување на резултатите од изборите, каде имале одличен резултат, а каде треба да се подобрат.

-Втора главна точка е актуелната политичка ситуација, случувањата што беа во Собранието, се разбира и она што ние го бараме како брзи парламентарни избори и нашето делување во иднина, рече Мисајловски.

ие постојано велиме дека во ова мочуриште во Македонија, каде што секој граѓанин веќе знае дека се киднапираат пратеници за да се одржи едно мнозинство, фигуративно кажано, бидејќи знаете дека го немаше едниот пратеник цел ден, но можеше тој пратеник само сабајлето да пријави отсуство и немаше да дојде на седницата и ќе немаше она мнозинство кое ние го планиравме, но сепак одлучи на некој ваков начин да се случи како во некои јужно-американски земји каде што гледаме дека со ливчиња читаат позади на бел ѕид и кажуваат што ќе им се случува, какви закани имаат, наеднаш го виделе европскиот пат и сето тоа во Македонија се случува како една голема трагедија, пак ќе кажам, трагедија и циркуз. Затоа и нашиот претседател се извини на сите граѓани затоа што мора секој еден да го гледа тоа, но ние мора да продолжиме да живееме во реалноста“, додаде Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот