Мисајловски: Никогаш нема да го прифатам овој резултат, затоа што не ја отсликува реалноста

Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2, наведува Владо Мисајловски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме!- вели Мисајловски.

Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат, потенцира тој, затоа што не ја отсликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата.

– Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме. Благодарност до секој еден комитет и член на ВМРО-ДПМНЕ што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот