Мисајловски: Имаме 1000 проекти, да има индустриска зона во Куманово, да продолжат експресните патишта, да има поголеми пензии и поголеми плати

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва се пред Кумановчани вети дека ќе разговара за сите проблеми што ги тиштат, за урбаниот хаос што се случува, за скараната централен и локална власт, кој поголем шериф да биде во градот.

-За нас се не важни. Имаме разлика, го имаме Христијан Мицкоски и го имаме Зоран Заев. Кого да одбереме, човек кога дојде пред 30 месеци на првото место во партијата се трудеше од кал максимално да ја крене партијата на нозе. Свртете се и видете. Во секој град преполно народ, позитивна енергија и за две недели победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија”, порача Мисајловски.

Сите кумановчани сакаат да останат тука, рече Мисајловски, сите сакаат да имаат подобар живот тука во Куманово. Сакаат да покажат дека можат повеќе. Со децении власта во Куманово е на СДСМ, јас ве прашувам јавно каде ги видовте последниве 3 години тие 230 км автопатишта што ги изградија. Дали ги има тука во Куманово. Дали го има клиничкиот центар што го ветија гледам спотови прават за него.

Прочитајте и...  Помпео: САД и ЕУ водат сложени разговори за повторно воспоставување на взаемните патувања

-Нема ништо лаги и манипулации.  Сакам да ја говорам вистината, а вистината е дека овие три години се посветија на само едно прашање, само како да се смени името. Како да се создаде немир и омраза меѓу граѓаните, а сите останати во власта поготово и техничкиот премиер гледаа само како да се збогатат, ништо повеќе. Куманово заслужува повеќе Куманово има чесни луѓе доби луѓе и така мора да биде така и да остане- истакна Мисајловски од Куманово.

Мисајловски предупреди дека после 15-ти јули може да биде касно.

-И на претходните избори велевме дека Зоран Заев е нечесен и она што го кажува е измама. Сега он вели многу убави работи да ги чуете, но ќе бидете измамени. Немојте по втор пат да ве измамат. Вие во Куманово треба први да кажете дека е доста. Ова е најголем град во Македонија. Град кој заслужува најмногу, кој треба да биде еден од најубавите урбани центри, јас ве уверувам дека Христијан Мицкоски и овој тим ќе донесат многу за Куманово. Ќе донесе Обнова. Јас лично ви ветувам дека ќе бидам тука независно од функциите тие се менливи најважно да останеме луѓе. Во новата влада ќе има многу луѓе од Куманово што ќе ја водат власта. Христијан Мицкоски е лојален на Македонија. Од другата страна го имате техничкиот премиер и Зоран Заев кој ништо немаат направено за Куманово. Но одликата е ваша. Вие ќе изберете. Дали сакате Куманово да биде просперитетен град или да остане во овие црнила во кои е долги години. Знам дека сакате да го видите вашето дете тука во Куманово- рече Мисајловски.

Прочитајте и...  Вебер: ЕУ е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција

На овој 15-ти јули да гласаме за Македонија, потенцираше Мисајловски, бидејќи друга резервна земја ние немаме.

-Додека некој смислуваат црни сценарија, рекет и корупција, Христијан Мицкоски и ние во ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата размислувавме како да направиме 1000 проекти, како да има индустриска зона во Куманово, како да продолжат експресните патишта, како да има поголеми пензии, како да има поголеми плати, но овој пат вие одлучувате. одлучувате бидејќи може да биде доцна. Народе разбуди се, Обновата доаѓа Куманово ќе биде предводник на победата јас знам дека ќе биде овие прекрасни луѓе ќе ја направат победата на ВМРО-ДПМЕН а вие ќе се гордеете во наредните 4 години кој ќе ја води оваа држава- заклучи Мисајловски од Куманово.

Прочитајте и...  Амбициозни наставници од Балканот креираа Балканска наставничка мрежа, за полесно онлајн образование (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

САД со над 65.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

Слободен печат

Макрон бара катедралата Нотр Дам да биде обновена како што изгледала претходно

Слободен печат

САД формира специјална група за борба против кибер измами

Слободен печат

Турски експерт: Високите температури не го уништуваат коронавирусот

Слободен печат

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Старите ветувања за гасификација, за Чебрен и за инспектори во ново руво

Весна Дамчевска

Вработен во прес-службата на Меркел наводно шпинирал за Египет

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Калифорнија го оспоруваат решението за странските студентски визи

Слободен печат

Од денес во Италија забранет влез за државјани на 13 земји, на списокот и С. Македонија

Слободен печат

Огненовски од Демократи: Да се врати украденото од народот и да се донесе една изборна единица

Миа Агенција

Во Словенија одобрена апликација за следење на новиот коронавирус

Слободен печат

Северна Кореја: Разговори со САД би му користеле само на Вашингтон

Слободен печат

Стејт департмент: Одобрена продажба на борбени авиони Ф-35 на Јапонија

Слободен печат