Мис Англија ја врати круната: Баша повторно работи како докторка додека трае кризата со коронавирусот

Фото: Screenshot/YouTube

Таа рече дека е погрешно да се носи круна на Мис Англија, дури и за хуманитарна работа, додека луѓето ширум светот умираат од коронавирусот.

Баша Мукерџи која во 2019 година ја доби титулата „Мис Англија“ се врати во Обединетото Кралство за да ја продолжи кариерата како докторка за време на пандемијата од коронавирус.

На почетокот на март, таа замина во Индија во рамки на развојното и општествено здружение чиј  амбасадор е. Посетија бројни училишта во кои донираа прибор и дадоа пари за домот за напуштени девојчиња. Како што ситуацијата со коронавирусот во Велика Британија се влошуваше, Мукерџи добиваше пораки од поранешните колеги од болницата во источна Англија, во кои ѝ пишуваа колку е тешка ситуацијата за сите нив. После тоа, контактирала со менаџментот на болницата за да им даде до знаење дека сака да се врати на работа.

Таа рече дека е погрешно да се носи круна на Мис Англија, дури и за хуманитарна работа, додека луѓето ширум светот умираат од коронавирусот.

„Кога ја вршите целата своја хуманитарна работа во странство, се уште се очекува да ја ставите круната, да се подготвите, да изгледате убаво. Сакав да дојдам и веднаш да одам на работа“, рече Мис Англија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот