Миркуловски: Сигурно ќе бевме подобри доколку ни беа потребни бодови

epa09068597 Filip Mirkulovski (L) of North Macedonia in action against Henrik Toft Hansen (R) of Denmark during the Men's EHF EURO 2022 qualification handball match between North Macedonia and Denmark in Skopje, Republic of North Macedonia, 11 March 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Репрезентацијата на Македонија триумфално го заврши одличниот квалификациски циклус за пласман на следното Европско првенство, откако во последниот натпревар од својата група ја совлада Швајцарија во Скопје со 29:28 (16:16).

Селекцијата на Кирил Лазаров ги заврши квалификациите на второто место, со ист број бодови како и Данска, но со полош меѓусебен скор.

Како што најави Ракометната федерација на Македонија, за освоено второ место во квалификациската група со освоени 10 бода репрезентацијата ќе добие парична награда во висина од 30.000 илјади евра.

Филип Миркуловски денешниот меч во СЦ „Јане Сандански“ го заврши со два погодоци:

– За првпат освоивме 10 бодови во едни европски квалификакации, имаме ист број бодови како актуелниот светски шампион Данска. Триумфиравме со една убава и релаксирана игра, сигурно ќе бевме подобри доколку ни беа потребни бодови. Можеме уште да напредуваме, се наоѓаме во еден систем кој го разбираат играчи и знаат како треба да се реагира, вели Миркуловски.

Македонскиот селектор и капитен Лазаров уште една година во Нант

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот