Миркуловски: Посакувам среќен крај со победа над Чешка и пласман на СП

Филип Миркуловски во недела ќе го игра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија в недела ќе го игра реванш натпреварот за пласман на Светското првенство 2023 година, а дуелот со Чешка ќе претставува крај на ера на националниот тим бидејќи тоа ќе биде последен натпревар во кариерата за селекторот и капитен Кирил Лазаров, како и за Филип Миркуловски.

Миркуловски и Лазаров од претходно најавија дека бараж натпреварите ќе им бидат последни во богата кариера, и кои беа неизоставен дел од најголемите успеси на репрезентацијата, освојувањето на петтото место на ЕП 2012 година како и враќањето на Македонија на големата ракометна сцена.

Миркуловски кој по неделниот дуел со Чешка, ќе се пресели на клупата и ќе биде само дел од стручниот штаб на националниот тим, посакува со победа и пласман на СП да се прости од националниот тим.

– Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата, ќе има многу емоции, но ние сме професионалци. Ќе се обидеме да имаме среќен крај, да победиме во недела и да се пласираме на Светското првенство. Мислам дека за реваншот ќе бидеме подобро подготвени, бидејќи немавме гледано натпревари на противникот со новиот селектор Сабате, па сега ќе знаеме што не очекува. Во Чепка одигравме добар натпревар во Чешка, но испуштивме предност од 6-7 гола, а тоа не смееше да ни се случи. Но, противникот покажа карактер, знаеме дека се работи за квалитетна репрезентација, но исто така знаеме што не очекува во недела и со помош на 7.000 навивачи да обезбедиме пласман на СП – вели Миркуловски.

Големиот борец на теренот смета дека Македонија требаше да слави уште на првиот натпревар во Злин.

– По натпреварот во Злин постоеше чувство на разочараност, требаше да го победиме, но сепак мораме што побрзо да го заборавиме тоа и во недела да одиграме еден сосема нов натпревар. Потребна ни е само победа, што пред два месеци и ќе го прифатевме. Сепак, Чешка е квалитетна репрезентација, сигурно е дека не очекува квалитетна борба. Како што покажаа на првиот натпревар, ќе се борат до последен момен. Треба да одиграме уште еден добар натпревар со многу концентрација и да го добиеме во одбраната. Не би требало да има многу изненадувања во однос на претходниот натпревар, бидејќи ќе поминат само неколку денови за подготовка. Ќе биде доста сличен натпревар со цврсти одбрани – додава Миркуловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот