Миркуловски: По пензионирањето на Кире, иднината на Македонија не е светла

Фото: EPA/DOMINIK KULASZEWICZ

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски, не е оптимист во иднината на македонскиот ракомет.

Ракометарот кој остави неизбришлива трага во најголемите успеси на македонската репрезентација, смета дека по повлекувањето на Кире Лазаров, иднината воопшто нема да биде светла.

Во последниот период слушнам многу приказни за светлата иднина, и дека и понатаму ќе се пласираме на Европските и на Светските првенства, но не верувам во тоа. Кога Кире Лазаров ќе се повлече, ќе ни биде тешко воопшто да се пласираме на големите натпреварувања. Ќе ни биде дури и потешко со новиот систем на квалификации за СП. Сите се надеваме на најдобро, но реалноста не е таква. Немаме ракометар кој веднаш би го заменил Лазаров на десен бек. Во следните три-четири години ќе мораме да се потпреме само на Талески и на Кузмановски и ќе ни бите исклучително тешко да се оствари позначаен резултат – изјави Миркуловски за „Балкан Хендбол“.

Миркуловски од 2015 година настапува за германскиот бундеслигаш Вецлар, а бидејќи се наоѓа на крајот од кариерата, во наредната сезона ќе настапува и како помошен тренер и како ракометар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот