20.8 C
Скопје

Миркуловски: Ова е чудо кое не смее да остане само добра епизода

Новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, освен што внесе нов дух во националниот тим, успеа да го наговори својот помошник, Филип Миркуловски повторно да го облече националниот дрес. Бескомпромисниот борец кој е дел од стручниот штаб на Лазаров, по пауза од речиси три години повторно настапи за репрезентацијата и беше еден од најзаслужните за големата победа над Данска од 33:29. Веднаш по триумфот, Миркуловски објави моќна порака:

„Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште попосветено за Македонија“, напиша Миркуловски на социјалните мрежи.

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар