Миркуловски: Короната и повредите си го направија своето, не бевме кадарни да оствариме барем една победа на ова ЕП, 

Миркуловски ја игра последната сезона во играчката кариера/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Данска (21:31) ги заврши настапите на Европското првенство. Ракометарите шансите за пласман во главната рунда ги пропуштија во натпреварите со Словенија и Црна Гора, а поразот од Данска беше очекуван поради проблемите со кои се соочи македонската репрезентација.

– Одигравме за наша душа, но сепак загубивме со 10 гола разлика. Иако одмараа неколку играчи, Данска е силна репрезентација, нивната втора, трета постава е подеднакво добра како и првата,  така да сметам дека тие се главен фаворит на ЕП.  Загубивме од најдобрата екипа – вели Филип Миркуловски.

Според големиот борец, причините за трите порази на ЕП може да се бараат во проблемите со повредите како и во коронавирусот.
– Да бидам искрен и ние играчите имавме големи очекувања од ова ЕП, се додека не се случија проблемите со коронавирусот и повредите. Се започна со повредата на Дејан Манасков, па на Никола Марковски за на крај и Кире Лазаров да се повреди на еден од последните тренинзи пред првиот натпревар. Се ќе беше поинаку доколку беа тие тука. Потоа се случија и проблемите со ковид-19. Не бевме кадарни да оствариме барем една победа на ова ЕП, видовме дека и Црна гора е силна селекција, денеска ја победија и Словенија. Доколку ме послужи здравјето, ќе бидам присутен за баражот – додава Миркуловски кој потврди дека ова е негова последна сезона како играч.

– Дефинитивно ова е моја последна сезона како играч, потоа ќе се посветам на тренерската кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот