Мирко Ивановски продолжува во Унгарија (ФОТО)

dvtk.eu

Ивановски веќе има искуство од настапи во Унгарија, поточно во периодот 2015-2016 беше дел од Видеотон, а минатата година со 20 одиграни натпревари и пет голови ги бранеше боите на Хајдук Сплит во квалификациите на Лига Европа.

– Среќен што потпишав со екипата на Диосѓер, едвај чекам да соработувам со моите нови тимски колеги. Ветувам дека ќе го дадам максимумот на секој тренинг и натпревар и колку што е можно повеќе да постигнувам голови – рече Ивановски.

Во својата кариера на клупски план 29-годишниот играч од Битола настапуваше уште за Македонија ЃП, Славија Прага, Арка Гдиња, Астра Гиургиу, Клуж, Болуспор и Славен Белупо.

За најдобрата македонска А репрезентација досега имаше 27 мечеви и два погодоци.

Диосѓер игра во најсилната унгарска фудбалска лига, после пет кола сезонава е моментно последнопласиран во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот