Мирисот може да биде подобар тригер за меморијата отколку видот: Сте слушнале ли за „мирисна сијалица“?

Зошто мирисите враќаат спомени?

Вашето сетило за мирис може да биде подобар тригер за меморијата отколку видот. Зошто е тоа така?

На многумина од нас ни се има случено одреден мирис – како хлор, свежо печени колачи или мирисот на море со неговите песочни плажи – да го преплави нашиот мозок со сеќавања на некоја ситуација или место што ги поврзуваме со одредени емоции.

Научниците со употреба на различни пристапи се обидоа да го објаснат овој феномен. Една од првите беше студијата предводена од д-р Рејчел Херц на Универзитетот „Браун“ во 2004 година.
Херц и нејзините соработници откриле дека група од пет жени покажале поголема активност на мозокот кога им дале да мириснат парфем кој ги поврзува со позитивна меморија отколку кога мириснале парфем што не им бил познат.

Активноста на мозокот поврзана со тој одреден парфем била исто така поголема од визуелната, односно кога им го покажале шишето од истиот парфем.

Во поново време, во друга студија во 2013 година, истражувачите повторно откриле поголема активност на мозокот поврзана со мирис (како мирис на роза) отколку со визуелен пристап (како приказ на роза).

Клиничките студии мирисите ги поврзуваат и со силните негативни емоции, врска што може да игра значајна улога во придонесот за посттрауматско психолошко нарушување.

Зошто е тоа така? Врската може едноставно да се должи на архитектонскиот распоред на нашиот мозок.

Процесот преку кој молекулите во воздухот кои нашиот мозок ги толкува како мирис и механизмите што ги користи за да ги категоризира и интерпретира тие мириси, е навистина комплициран.

Всушност, процесот е толку комплициран што Нобеловата награда за физиологија или медицина во 2004 година им беше доделена на истражувачите Ричард Аксел и Линда Бак за нивната работа во декодирањето на таа проблематика.

Кога ќе дојдеме во контакт со мирис или молекули од испарливи материи што лебдат низ воздухот, невроните кои ги сочинуваат нашите мирисни рецепторни клетки испраќаат сигнал до дел од нашиот мозок наречен мирисна сијалица. Таа е одговорна за толкување на тие сигнали во она што го доживуваме како мирис.

Аксел и Бак откриле дека приближно 1.000 гени играат улога во кодирањето на различни видови на мирисни рецептори.

Од носот до основата на мозокот има директни врски со делот од мозокот одговорен за обработка на емоции и делот од мозокот поврзан со меморијата и сознанието.

Невролозите сугерираат дека оваа тесна физичка врска помеѓу деловите на мозокот поврзана со меморијата, емоциите и мирисот може да објасни зошто нашиот мозок учи да ги поврзува мирисите со одредени емоционални состојби.

Толку многу од овие сеќавања предизвикани од мирис може да ве вратат во детството затоа што во тие години за прв пат ги доживуваме повеќето мириси.

За жал сè уште нема истражување што би ни помогнало да ја искористиме врската меѓу мирисите и меморијата за да ни помогне да се сетиме дали сме ја исклучиле пеглата за алишта пред да излеземе од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот