Мириса на рум и лимон: Чоколаден колач со јаболка

Фото: Unsplash

Чоколадото со векови се смета за афродизијак. Од древните Ацтеки, па сè до Казанова и францускиот суд, сите верувале дека чоколадото е еликсир на љубовта. Дрвото од кое настанува чоколадото, „Theobroma cacao“, во превод значи „храна за богови“.

Првото чоколадо е произведено во фирмата „Fry and Sons“ во Бристол, Англија во 1847 година. Првиот рецепт за чоколадо бил објавен во каталогот „Sears and Roebuck“, а се понатаму е историја.

Состојки:

– 2 јајца
– 2 дл гриз
– 1 дл млеко
– 2 дл шеќер
– 1 дл масло
– 100 г мелени ореви
– 1 кесичка прашок за пециво
– 4 дл рендани јаболка
– 1 кора од лимон
– 3-4 вреќи ванила
– 2 лажици рум

Глазура:

– 2 кесички прашок за шлаг
– 85 г црно чоколадо
– 3 лажици масло

Подготовка:

Изматете го јајцето со шеќер и ванила прав во подлабок сад, а потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Смесата сипете ја во тава за печење и печете на 200 степени додека не зарумени. Кога тортата ќе се олади, премачкајте ја со шлаг и прелијте ја со чоколадна глазура, која можете да ја направите од црно чоколадо и масло. Чоколадото го топите во тавче на малку загреано масло.

Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот