МИРИС НА ДЕТСТВО: Колач со модри сливи (РЕЦЕПТ)

колач од сливи

Состојки:

4 јајца
15 лажици шеќер
30 гр брашно
1 прашок за печиво
100 мл масло за јадење
сок од лимон
1 лажица екстракт од ванила
30 модри сливи
Малку цимет

Подготовка:

Во посебен сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво и тргнете ги настрана. Ставете го маслото на тивок оган, постепено да се загрева и во него додајте ги претходно исчистените и преполовени модри сливи. Оставете ги кратко да се пропржат.
Тргнете ги настрана сливите и почекајте да се оладат, а додека чекате да помине потребното време, во подлабок сад изматете ги јајцата и шеќерот со миксер. Матете на најголема брзина додека не добиете цврста и пенеста смеса.
Потоа во неа постепено додавајте ги ладните сливи и ладното масло, како и сокот од лимон и млекото. На крај ставете ги ванилата и циметот и убаво промешајте. За да ја завршите подготовката на колачот со модри сливи, додавајте лажица по лажица од претходно измешаното брашно со прашокот за печиво. Повторно убаво измешајте.
Ставете го вака подготвениот колач да се пече во соодветна тепсија во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете 30 минути.
Испечениот колач, додека е топол, наросете го со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот